„Фибула“ ќе гради два делукс хотели во Охрид

Bez autora
Aug 25 2011

Хотелски комплекс со два делукс хотели ќе се гради покрај Охридско Езеро, во близина на Билјанини Извори. Компанијата „Фибула ер травел“ купи две парцели државно земјиште на кои во рок од една година треба да започне да го гради комплексот. Хотелите ќе бидат прва класа, со пет ѕвездички, а сопственикот треба во рок од три месеци по целосната изградба да ги брендира со име на хотелски синџир што поседува во своја сопственост или, пак, управува со повеќе од пет хотели. Двете градежните парцели државна земја на јавно наддавање ги продаде Министерството за транспорт и врски по цена од 71 денар за квадратен метар. Почетната цена на наддавањето, на кое компанијата „Фибула ер травел“ била единствен наддавач, е едно евро. Двете локации покрај Охридското Езеро фирмата ги купила за 21.000 евра.

„Фибула“ ќе гради два делукс хотели во ОхридХотелски комплекс со два делукс хотели ќе се гради покрај Охридско Езеро, во близина на Билјанини Извори.

Компанијата „Фибула ер травел“ купи две парцели државно земјиште на кои во рок од една година треба да започне да го гради комплексот. Хотелите ќе бидат прва класа, со пет ѕвездички, а сопственикот треба во рок од три месеци по целосната изградба да ги брендира со име на хотелски синџир што поседува во своја сопственост или, пак, управува со повеќе од пет хотели.

Двете градежните парцели државна земја на јавно наддавање ги продаде Министерството за транспорт и врски по цена од 71 денар за квадратен метар. Почетната цена на наддавањето, на кое компанијата „Фибула ер травел“ била единствен наддавач, е едно евро. Двете локации покрај Охридското Езеро фирмата ги купила за 21.000 евра. 

Двете локации се наоѓаат во потесното градско подрачје на Охрид, во близина на градежната компанија „Трудбеник“ и пред Спортскиот центар „Атина Бојаџи“. Се сметаат за атрактивни локации, бидејќи се на само стотина метри од езерото, кај Холандскиот парк и шеталиштето покрај езерскиот кеј. Станува збор за нова хотелска зона, бидејќи во непосредна близина се хотелите „Гарден“, „Лебед“ и „Милениум палас“.

Компанијата „Фибула ер травел“ на првата парцела со големина од 13.459 квадратни метри ќе гради хотел со вкупна површина од 33.625 квадрати и висина од 16,2 метри. На помалата парцела со површина од 4.738 квадрати ќе гради хотел со вкупна површина од 4.602 квадрати и висина од 10,6 метри. Фирмата е должна во рок од 15 дена да ги уплати средствата согласно со постигнатата крајна цена од наддавањето. Доколку средствата не се уплатат во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување договор и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени, информираат од Министерството.

Одобрението за градба од Општина Охрид инвеститорот треба да го обезбеди во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот и согласно со роковите предвидени во Законот за градење да изгради хотел од прва категорија со 5 ѕвезди. Како што информираше раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Охрид, архитектот Бранко Арнаудов, двете локации, дадени на „Фибула ер травел“, се помали и по габарит и по површина. Хотелите ќе имаат приземје, два ката и потпокрив. Во истиот комплекс, предвидени се уште две локации, но за големи, елтини хотели, со површина од 20 илјади квадратни метри.

Акцијата со која Владата преку Министерството продава државно земјиште по оваа цена ја критикуваше градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој најави дека нема да ги даде атрактивните локации на крајбрежјето по оваа цена. „Некоректно е новиот Комитет за туризам да се занимава со реализирање проекти за изградба на хотели на државно земјиште по багателни цени и тоа сега кога се отвори можност општините да располагаат со државното земјиште“, изјави неодамна градоначалникот Петрески.

Тој потенцираше дека Советот на Охрид донел ценовник според кој вредноста на земјиштето, зависно од атрактивноста, се движи од 20 до 500 евра за квадрат. Ваквиот однос, смета Петрески, е нелојален спрема оние што веќе платиле високи цени за изградба на хотелско-угостителски капацитети. За него ова е шлаканица за градовите кои во продажбата на земјиштето и изградбата на хотели гледаат можност да ја пополнат празната општинска каса и се сомнева дека државата ќе им го отстапи имотот на општините.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik